28/03/2024
Охрид

Затвореник предизвикал пожар во ќелија во затворот во Охрид

На 13.03.2018 година во 15:45 часот во Полициската станица Охрид, вработен во Казнено поправната установа „Затвор Охрид“ пријавил дека на 12.03.2018 година во 20:20 часот во една од собите во притворското одделение, Л.М. (31) од Куманово, најверојатно со запалена цигара, запалил ќебиња и јоргани во просторијата каде бил сместен. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, како и од вработените во затворот, пожарот бил изгаснат.