21/05/2024
Охрид

Заврши четириесеттата седница на Советот на општина Охрид

Со обемен дневен ред од 65 точки, дополнет со уште три нови, денес се оддржа четириесетттата седница на Советот на Општина Охрид.

Во најголем број точките од дневниот ред се однесуваа на усвојување на извештаи за работата на општинските сектори и одделенија, јавните претпријатија, училиштата и Територијалната противпожарна единица.

Сите точки на дневниот ред беа усвоени, освен дополнителните, кои се однесуваа на предлозите за изработка на локална урбанистичка планска документација во КО Долно Лакочереј и одлуката за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти и начинот на спроведување на постојните урбанистички планови.