24/07/2024
Охрид

Заврши дваесет и деветтата вонредна седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид денеска ја одржа дваесет и деветтата вонредна седница.

Советниците ги усвоија Предлог одлуките за давање согласност на Одлуката за донесување на Правилник за внатрешна организација на работни места во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, за давање согласност на Одлуката за донесување на Правилник за систематизација на работни места во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2019 година и Предлог одлуката за дополнување на Одлука бр.08-181172/29 од 28.12.2018 година и Одлука бр.08-312/3 од 16.01.2019 година.