19/04/2024
Македонија

Заврши Форумот за Земјоделска Политика 2021

Форумот за земјоделска политика 2021 (APF) е успешно завршен. Оваа година, на настанот присуствуваа 140 учесници од земјите/териториите на Западен Балкан, Германија, Грција, Холандија, Унгарија и Белгија. Форумот се одржа на 20ти  и 21ви октомври, во Врњачка Бања, Србија, како хибриден настан, каде што покрај онлајн учествоимаше и учесници кои што физички присуствуваа на настанот.

Форумот за земјоделска политика 2021 (APF) се одржа под заедничко покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија и Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој (SWG) во Југоисточна Европа.

Поддршката овозможена од институциите и организациите како што се: Федералното Министерство за храна и земјоделство на Германија (BMEL), Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID), Европската комисија (Генералниот Директорат за земјоделство и рурален развој) и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (FAO), е високо ценета од страна на организаторите, како и од учесниците на Форумот за земјоделска политика 2021 (APF).

На Форумот беа сумирани резултатите и препораките од четирите работни групи поврзани со развојот на руралниот туризам, производството на вино,  LEADER пристапот и земјоделска наука и иновациски системи во Западен Балкан (AKIS). Владите на земјите/териториите од Западен Балкан, ја поддржаа Зелената агенда за Западен Балкан. Имплементацијата на Зелената агенда би ја зајакнала позицијата на земјоделците во синџирот на снабдување со храна со тоа што ќе ги зголеми нивните приходи и конкурентност, ќе се произведува храна која е здрава и со поголема хранливост но и ќе се зголеми атрактивноста на регионот за инвестиции, туризам, како и за економските и можностите за работа во Западен Балкан.

Како заклучок на овогодинешниот Форум за земјоделска политика 2021 (APF), може да ги погледнете заложбите и проверката на реалната состојба, во документот кој што е прикачен http://apf.seerural.org/outputs/

Видеото – Истражи го Балканотбеше премиерно прикажано на Форумот за земјоделска политика 2021 Explore the Rural Beauty of the Western Balkans with Us! – YouTube

https://youtu.be/8rThkisO6Gk