20/04/2024
Охрид

Заврши меѓународната вежба NATO EADRCC „North Macedonia 2021“

Денеска заврши НАТО вежбата која беше организирана од страна на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) на подрачјето на Охрид и Струга.

Припадниците на ДЗС успешни ги завршија сите вежби согласно сценариото кои се реализираа различни активности што третираат повеќе области како елементарна природна непогода, пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, спасување од вода, урнатинии и други заеднички координирани активности со над над 700 луѓе од 27 земји, што претставува одлична основа за развивање капацитети и способности за градење регионален пристап и стратегии со цел соодветно преземање конкретни мерки на дејствување.

На сите припадници од ДЗС на затворањето на церемонијата од страна на организаторите им беа врачени Сертификати за учество на вежбата.