23/04/2024
Охрид

Заврши шестата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница, која уште на почетокот ја напушти советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ги усвои предложените одлуки за разрешување членови на Надзорниот и Управниот одбор во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, за разрешување и именување членови во Училишните одбори на ОУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец, ОМУ „Методи Патче“, ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти, ОУ „Христо Узунов“, ОУ „Григор Прличев“ , ОУ „Братство – Единство“, ОУ „Кoчо Рацин“, ОУ „Св.Наум Охридски“ с.Пештани, ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОСУ „Св. Климент Охридски“, ОУТУ „Ванчо Питошески“ и СОСУ „Свети Кирил и Методиј“.

Беа прифатени и одлуките за организирање одделни услуги од дејноста на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, во дел од просториите на подрачното училиште Рача при ОУ „Григор Прличев“ за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, за формирање Штаб за заштита и спасување, за одобрување финансиски средства за материјално-финансиска поддршка на спортски клубови на подрачјето на општина Охрид за 2018 година и за прогласување на чинарите во поширокото градско подрачје во општина Охрид и кочеџикот во дворот на црквата Св.Богородица Перивлепта во категорија – споменик на природата.

На седницата беше прифатена програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2018 година, а од дневен ред на претходно беше повлечена одлуката за утврдување на висината на надоместокот за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2018 година. Од урбанистичката сфера беше прифатена одлуката за донесување предлог – детален урбанистички план за УЗ.16, дел од блок 16.1 – опфат 2, општина Охрид, плански период 2013–2018, а не беше прифатена одлуката за утврдување нацрт – детален урбанистички план за УЗ. 2, УБ. 2.3 – опфат 5, општина Охрид, плански период 2013–2018. Советниците ја прифатија одлуката за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП.бр.3374 КО Охрид 4.