24/04/2024
Охрид

Заврши третата седница на локалното собрание на млади на општина Охрид

На денешната седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид делегатите го изгласаа  Деловникот за работа на локалното собрание на млади на општина Охрид и согласно своите надлежности извршија избор на членови на Локалниот совет на млади на општина Охрид. За членови на локалниот совет на млади со тајно гласање беа избрани следните кандидати:

    • Јован Цветкоски
    • Теа Петковски
    • Георги Ставрески
    • Верица Тодоровска
    • Александар Здравевски
    • Емилија Несторовска
    • Димитар Поп-Стефанија

Одлуката за избор ќе стане правосилна по нејзината верификација од страна на Советот на општина Охрид.

ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА ЛСМ