26/04/2024
Охрид

Заврши триесет и шестата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба на МЈП „Проаква“ ОДУ.бр. 721/19 од 04.11.2019 година и потврдување на Спогодбата за присоединување ОДУ бр.722/19 од 04.11.2019 година. По донесувањето на планот и спогодбата во иднина самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“.