Заврши уметничката колонија во Трпејца 2020

-Убава слики, убава дружба и многу инспирација – Трпејца е прекрасна, вакви се импресиите на учесниците на Третата уметничка колонија ТРПЕЈЦА 2020, која заврши во саботата.

Четири дена во подрачното училиште „Наум Охридски“ но и во неговата околина уметниците: Наташа Попоска – Карче, Хава Реџепи, Ристо Андреев, Горан Јованов и Ѓоко Симјаноски преку своите уметнички креации создадоа дела кои ќе останат забележани во трајната меморија на колонијата.

Колонијата во Трпејца и уметниците – колеги со своето присуство ги почести и познатиот уметник Владимир Темков кој 30 години организира колонија во Кавадарци,а беше на пропатување за Поградец – Албанија каде учествуваше на тамошната колонија.

Поддршка на Колонијата со по едно свое дело дадоа и уметниците: Ставре Димитров – Стадим и Живко Поповски – Цветин. Цвеќињата на мирот на Цветин ќе ги красат просториите на училиштата во Пештани и Трпејца.

Организаторот здружението „За Трпејца со љубов“ со поддршка на Општина Охрид најавува излоќба на дела од колонијата – догодина на десеттото издание на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца.

This slideshow requires JavaScript.