Завршија „Струшките книжевни средби“ 2022

 Во Струга заврши мегународната книжевна манифестација СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ 2022, една од најстарите во земјата, која, покрај во градот на поезијата, одделни содржини, реализираше и во Вевчани.

Во црквата “Св. Никола” се одржа “Поетска панорама”, насловена: „Од еден до друг брег“ („Са jedne на drugу obalу“), што е наслов на поетската збирка со творби од македонски и хрватски поети, приредена од починатиот поет Петко Шипинкароски и професорот Васил Тоциновски.

Тоциновски беше еден од промоторите, заедно со Мишо Китаноски и проф. Д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

-Поетскиот зборник „Од еден до друг брег“ („Са jedne на drugу obalу“), доага како потврда на многустолетните македонско-хрватски книжевни врски, од старите времиња на глагоилицата па се до денес, рече Тоциновски.

Во книгата се застапени купно 28 поети, по 14 од Хрватска и Македонија, а е издадена од Здружението за литература, култура и уметност „Бран“ од Струга, инаку, организатор на СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“, а во соработка со Хватското книжевно друштво „Книжевно перо“ од Риека.

Присутните автори од Хрватска и Македонија читаа свои песни.

Попладнево, беше извршена и промоција на најновиот, дваесетти број, од книжевната ревија „БРАНУВАЊА“, овој пат, исцело посветена на првиот уредник и издавач Петко Шипинкаровски.

Беседа во чест и слава на Петко Шипинкароски имаше новинарот, публицист и поет, Мишо Китаноски, кој го претстави Шипинкароски како еден од најплодните, истовремено, и најпреведуван автор во странство, после Борис Вишински, додека ревијата ја промовираше, поетот Христо Петрески.

-Петко беше неуморен истражувач и љубопитник, кој се испробуваше, речиси истовремено, воповеќе книжевни жанрови, а негова специфика и најголем клвалитет беше познавањето и примената на народниот, изворен, подзаборавен македонски јазик и говор, потенцираше Петрески.

Манифестацијата заврши со вечерно Поетско матине и доделување на двете признанија, Наградата за „ЖИВОТНО ДЕЛО за 2022 година, која му припадна на новинарот во пензија и романсиер Наум Бајо, додека Наградата за „ПОСЕБНИ КНИЖЕВНИ ОСТВАРУВАЊА ОД СТРАНСТВО“, годинава, ја понесе Никола Шимиќ Тонин, кој живее и создава во Задар Хрватска, за кое подрачје е и претседател при Хватското книжевно друштво.

 Наградите се доделуват во чест на Петко Шипинкаровски и се насловени како „Петковиот аманет“.

Првонаградените, од свештеникот на црквата во Вевчани, отец Зоран Попоски добија дар – рачно плетени волнени чорапи, специфичен македонски сувенир.

Сите учесници, покрај Сертификат за учество, добија примерок од 20-тиот број од ревијата „Бранувања”, во која е објавено нивно авторско дело, заедно со две збирки песни од Петко Шипинкаровски.


WebOhrid / 17.09.2022 / В.М.