28/03/2024
Охрид

Завршна претстава од учениците од летниот камп во организација на Гете- институт

Изминатата недела во Охрид се одржа летен јазично – музички камп по германски јазик во организација на Гете – Институт Скопје. Кампот под раководство на експерти од Германија се одржа во просториите на ОУ „Григор Прличев“ Охрид. На него учествуваа 33 ученици од партнерските училишта од Македонија, Албанија и Косово меѓу кои и ученици од ОУ „Григор Прличев“.

Целта на кампот беше подигнување на јазичните и музичките компетенции на учениците, а во резултатот можеше да ужива пошироката јавност на завршната претстава која се одржа синоќа на малиот плоштад до ТЦ Амам. Во рамките на кампот беше организирана и работилница за наставници на која тие научија како да користат песни во наставата по германаки јазик.