28/03/2024
Македонија

Завршна вежба: Техники на интервенција со употреба на јаже во урбани и природни средини

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска присуствуваа на завршната вежба на припадниците на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи – Техники на интервенција со употреба на јаже во урбани и природни средини. Обуката, како дел од билатералната техничка соработка меѓу министерствата за внатрешни работи од двете држави беше реализирана во периодот од 24 јуни до 5-ти јули 2019 година, како втор модул што го следеа 17 припадници на оваа единица и тоа осум од напредно ниво и девет од основно ниво, Обуката и оваа година, како и минатата, ја реализираат обучувачи од CNEAS – Националниот центар за обука, алпинизам и скијање во Шамони, кој припаѓа на ЦРС службите ( Републички компании за безбедност) Жером Дардулија и Алексадар Пулак. За поуспешна реализација на нивните активности придонесоа донациите во опрема на Француската амбасада во Скопје како и донациите на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=5yz7Hr61juk