Здружение „Екотуризам 2016“: Го одбележуваме Светскиот ден на планетата Земја

Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид ги заврши активностите за изградба на екотуристичка инфраструктура во блатото и неговата околина. Изградена е набљудувачница за птици, видиковци за одмор и информативни знаци. Изградената инфраструктура ќе биде предадена во трајна сопственост на општина Дебрца, за да може да ја користи за развој на екотуризам, набљудување див свет и рекреација на посетители.

Изградбата на инфраструктурата е во рамките на проектот Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022 г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото.

Проектот е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) – кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава.

This slideshow requires JavaScript.