Здружението „Мобилност“ доби подарок книги од НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Деновиве, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на своите програмски активности за ширење на читателската публика и култура на Венко Голабоски, претседател и на Снежана Танеска – член на Управниот одбор на здружението на лица со телесен инвалидитет од општините Охрид и Дебрца „Мобилност – Охрид 1988“ им подари книги од сопствено издание за нивната библиотека.

Во нив има и книги кои претходно поголем број автори меѓу кои и Вера Самарјанин и Миле Миќуновиќ ги подарија на Библиотеката за во нивно име оваа установа да ги подарува таму каде што ќе се добредојдени и посакувани.

Според зборовите на претседателот на „Мобилност“ Голабоски, нивните членови од почетокот на септември книги ќе можат да ги читаат и разменуваат бесплатно.