28/03/2024
Охрид

Здружението на ветерани и резервисти, СВР и ИПА Охрид утре ќе го одбележат 7 мај, Денот на македонската полиција

Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-регион Охрид, СВР Охрид и Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – регион Охрид, утре (05.05.2023) на заедничка средба, ќе го одбележат 7 мај, денот на македонската полиција. Во рамките на свеченоста, на која, покрај полициски службеници и членови на здруженијата, се очекува присуство и на градоначалникот Кирил Пецаков, ќе биде отворена спомен собата на 6-та македонско народно ослободителна бригада по што ќе следува забавна и спортска програма. Средбата ќе се одржи во кругот на поранешната касарна во Охрид, со почеток во 10 часот и 30 минути.

Инаку, минатата година, во чест на 7 мај, денот на македонската полиција, Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-огранок Охрид, потпишаа меморандум за соработка.


WebOhrid / 04.05.2023 / ИПА Охрид