28/03/2024
Охрид

Здружението „СОС БАЛКАНМЕДИА“ ќе донира возила за лица со посебни потреби

Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни Потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА – Охрид утре ќе додели донација на лица со посебни потреби  кои се жители на Општина Охрид и Општина Дебрца.

„Донацијата се состои од две електрични возила наменети за лица со посебни потреби, а вредноста на донацијата изнесува 15.000 евра.“ – велат од Здружението.

Ова е првиот дел од проектот за помош на лица со посебни потреби организиран од Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни Потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА – Охрид.