25/04/2024
Охрид

„Зегин“ му врачи телевизор на Роберт Николовски

Среќниот фаќач на крстот на годинашното чествување на празникот „Богојавление“ Иван Лотески, изрази желба наградата – телевизор што го обезбеди традиционалниот спонзор, компанијата „Зегин“, да биде доделен како хуманитарна помош.

Телевизорот, денеска како хуманитарна помош, на Роберт Николовски, чија куќа неодамна беше опожарена, му го врачи Марина Бебекоска-Донева, регионална директорка на „Зегин“.