19/04/2024
Охрид

Жена прегазена од трактор во Требеништа

Во сообраќајна незгода случена вчера во 09 часот и 30 минути на земјен пат помеѓу селата Требеништа-с.Ливоишта, со тешки телесни повреди се здобила В.М.(62) од селото Требеништа, со живеалиште во Австралија. Таа, итно е пренесена на лекување во болницата „Св.Еразмо“, а поради сериозноста на повредите е препратена во Клинички центар-Скопје.

Повредената, како сопатник се превезувала на земјоделска машина-трактор управуван од Р.Ј. (67) од Требеништа која, во еден момент изгубила контрола над тракторот, по што почнал да се движи наназад. Притоа, сега повредената паднала од тракторот на земјената површина по што, била прегазена со задното лево тркало.

По наредба на Јавен обвинител, увидот на местото на настанот го изврши екипа на СВР Охрид.