18/04/2024
Охрид

Жена пронајдена мртва во својот дом во Охрид

На 02.11.2019 година околу 16:30 часот во СВР Охрид пријавено е дека на ул. „Кузман Шапкарев“ во Охрид, во сопствената куќа била пронајдена почината Р.Д. (58).

Од страна на екипа на Итната медицинска помош, констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.