Зголемени активности за расчистување диви депонии

Од утрово со координирани активности на сите служби на ЈП „Охридски Комуналец“ се започна со расчистување и уредување на повеќе локации во градот и околината. По назначувањето на новиот в.д.Директор на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски одржан е работен состанок со оперативните служби, дефинирана е динамиката и распоредот за справување со дивите депонии на повеќе локации и се пристапи кон нивно расчистување. Констатирана е состојбата на повеќе микро локации и црни точки каде несовесни граѓани во континуитет несоодветно депонираат отпад и шут. Денес се расчистуваа дивите депонии во населбата „Христо Узунов“, ул.„Богомилска“ и ул.„Димитар Влахов“.

Во следната седмица просторот околу прес-контејнерот ќе биде и хортикултурно уреден расчистување на просторот околу прес-контејнерот на ул.„Богомилска“.

Акциите за расчистување на дивите депонии ќе се одвиваат со засилено темпо и во текот на утрешниот ден и следната седмица.

Во оваа прилика повторно упатуваме апел до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина. Во овој период засилени се и активностите за подигнување на паднатиот лист од коловозите, пешачките патеки и сите други јавни површини каде синхронизирано прво се расчистува паднатиот лист, се товари и се депонира во „Расадникот„ за создавање на биохумус.

This slideshow requires JavaScript.