Зголемување на цените на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,53% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 06.07.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,585 ден/кг.

Од 14.07.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 61,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 63,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,585 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар бележат зголемување: кај бензинот 3,81%, кај дизелот 3,84%, кај екстра лесното масло 3,33% и кај мазутот 4,37% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,507%.

Oва се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.07.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.