16/04/2024
Македонија

„Зимска бајка“ и новогодишни пакетчиња за децата сместени во институции во надлежност на МТСП

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска заедно со децата сместени во институции во надлежност на Министерството за труд и социјална политика ја проследија претставата ,,Зимска бајка” која беше овозможена благодарение на актерите и вработените на Театарот за деца и младинци.

„Животот на овие дечиња е далеку од бајка. Но, ние се трудиме со секој чекор да го подобриме нивното живеење и тие да следат и претстави и да добиваат посоодветни услуги од страна на институциите во кои живеат и конечно да добијат потопла и посемејна атмосфера во функционирањето и заштитата на овие деца”, изјави министерката Царовска пред почетокот на претставата.

По завршувањето на претставата дечињата од Дедо Мраз добија пакетчиња.

Имено, Министерството за труд и социјална политика заедно со повеќе општествено одговорни компании обезбедија новогодишни пакетчиња за децата згрижени во институциите и дневни центри коишто се под надлежност на Министерство. Пакетчињата беа обезбедени благодарение на Зегин и Дајнерс кои се покровители на сите предновогодишни активности што ги спроведува Министерството и тие беа посочени од министерката Царовска како пример за општествено одговорни компании кои се заинтересирани да вложат во најранливите групи граѓани.