29/03/2024
Македонија

Жител од Албанија паднал од балкон од прв кат во Кичево

На 30.04.2021 во 03.55 часот во Полициската станица Кичево И.В.(57) од Кичево пријавил дека дека од балкон на првиот кат од неговата куќа на ул.„11 Септември“ во Кичево паднал М.К.(26) од Република Албанија, кој престојувал во неговата куќа. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, а во врска со случајот на разговор во Полициската станица Кичево биле повикани уште две лица од Албанија, кои биле со М.К. во куќата, како и сопственикот на куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.