11/10/2024
Дебрца

Жител од Белчишта довел во заблуда повозрасна охриѓанка од која зел 24 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(42) од селото Белчишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Тој, на повозрасна жителка на Охрид, доведувајќи ја во заблуда и ветил дека ќе и овозможи престанок на должнички однос во една финансиска институција, која претходно и одобрила кредит. Притоа, од оштетената побарал и добил 24000 денари.


WebOhrid / 27.09.2022 / СВР Охрид