06/10/2024
Струга

Жител од Делогожда со мотор излетал од патот и починал

На 31.08.2021 во 01.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Делогожда, струшко, Г.С.(61) од с.Делогожда, управувајќи мопед „генерик“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По незгодата возачот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга.