06/10/2024
ДебрцаСтруга

Жител од Лактиње оштетил водоводна инсталација на МЈП Проаква Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.С.(47) од селото Лактиње, општина Дебрца.

Тој, казненото дело го сторил на 28 декември минатата година при извршување на комунални работи со употреба на тешка градежна механизација (багер) при чистење на мелиооративниот канал на Струшкото поле. Притоа, сега пријавениот од небрежност ја оштетил јавната водоводна инсталација на МЈП „Проаква“ Струга лоцирана во непосредна близина на магистралниот пат Струга-Подмољје.