20/04/2024
Охрид

Жител од Лешани физички нападнал жител од Белчишта

На седми овој месец, околу 00:30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир во кој, Ц.И. (30) од селото Лешани-општина Дебрца, физички го нападнал М.Л. (22) од селото Белчишта.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, согласно членот 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, против Ц.И. ќе поднесе соодветна пријава.