19/04/2024
Охрид

Жител од Лешани повреден од заталкан куршум

На 09.01.2018 година во 16:50 часот од охридската болница „Св.Еразмо“ во СВР-Охрид било пријавено дека кај нив бил донесен Ј.М. (38) од с.Лешани- Охрид, со прострелна рана во пределот на надлактицата од левата рака.

Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со Ј.М., кој што кажал дека околу 16:30 часот додека се движел пеш со негов роднина од с.Лешани кон место викано „Гркополе“ бил погоден од заталкан куршум. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.