Жител од Лескоец паднал додека местел олуци во Вевчани
На 27.01.2018 година околу 10:00 часот во Вевчани, при местење олуци на викенд куќа, во еден момент од висина од 6 метри паднал Г.Ѓ.(41) од с.Лескоец, Охрид, кој со итна медицинска помош е пренесен во болница „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (скршеници во пределот на градите, бутната коска, рачен зглоб и потрес на мозок) поради што е задржан на лекување.
Увид извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга.