19/04/2024
Охрид

Жител од Лескоец почина во сообраќајка на патот Охрид – Ресен кај Опеница

На 21.01.2018 година во 02:30 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен кај с.Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Фиат Мареа“ со охридски регистерски таблици управувано од С.М.(21) од с.Оровник-општина Дебрца и патничко моторно возило „Фиат Пунто“ управувано од Т.К.(63) од с.Лескоец-охридско.

Во сообраќајната незгода на местото на настанот починал совозачот во возилото „Фиат Пунто“ К.М. (50) од с.Лескоец -Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот Т.К. и уште двајца сопатници од истото возило – М.М.(38) и едно 13 годишно дете. На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.