19/04/2024
Струга

Жител од Ливада со пушка усмртил седум кучиња скитници во Струга

На 10.01.2023 во 17:15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга бил извршен службен разговор со М.З.(62) од с.Ливада, струшко.

Тој се сомничи дека во периодот од 06:45 до 07:15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници.

Од него била одземена ловечка пушка сачмарка калибар 16 мм.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 233 од Кривичниот законик.


WebOhrid / 11.01.2023 / СВР Охрид