20/04/2024
Струга

Жител од Мислешево се обидел да уништи изборен материјал

Надворешната канцеларија за криминалитички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(32) од село Мислешево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување на изборен матерјал”.

На 30.09.2018 година во село Мислешево, на избирачкото место број 1863/1, пријавениот го ставил гласачкото ливче во џеб, а потоа се обидел да стави две други ливчиња во гласачка кутија, но не успеал.