18/04/2024
Охрид

Жител од Подмоље ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал на Facebook

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(46) од охридското село Подмоље.

Тој, на 26.11.2019 година, на социјалната мрежа „Facebook“, напишал недолични коментари, ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што поттикнувал омраза, дискриминација или насилство кон одредена група граѓани. Со тоа, пријавениот ја загрозил нивната безбедност и сигурност и предизвикал чувство на страв и несигурност.