29/03/2024
Струга

Жител од Радолишта нападнат од три лица пред пекара во Струга

На трети овој месец, околу 14 часот, пред пекара лоцирана на улицата „ЈНА“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир во кој, А.И.(23) од струшкото село Радолишта, бил физички нападнат од А.С. (28), М.С.(53), двајцата од струшкото село Велешта, и од уште едно, засега непознато лице.

А.С. и М.С. се повикани на разговор во полициската станица во Струга, а се преземаат дополнителни мерки за идентификација на третиот учесник во нарушувањето, по што ќе биде понесена соодветна пријава.