20/04/2024
Струга

Жител од Радолишта со автомобил удрил во пет годишно дете

На 01.08.2018 година во 18:40 часот било пријавено дека на локалниот пат во населбата Фериште-струшко патничко моторно возило ,,БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ш.(37) од с.Радолишта-струшко, удрило во пешак на возраст од пет години од с.Д.Белица-струшко.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Струга, по што било префрлено во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.