18/04/2024
Струга

Жител од Радолишта тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Ќафасан-Подмоље

Синоќа (11.04.2019) во 21 часот и 30 минути, на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И. (22) од село Радолишта и влекач „МАН“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М. (39) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здоби возачот на возилото „Ауди“. Тој со возило на Итна медицинска помош беше пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што беше префрлен во болницата „Свети Еразмо“ – Охрид, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид изврши екипа од полициската станица Струга.