29/03/2024
Струга

Жител од Велешта предизвикал пожар во близина на селото

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство пoднесе кривична пријава против М.В.(63) од струшкото село Велешта.

Тој, на 16 октомври оваа година, од небрежност запалил сува трева на нива во близина на селото од што настанал пожар кој се проширил и ја зафатил плевната сопственост на С.Ш. од истото село. Притоа, целосно биле опожарени бали од сено како и дел од земјоделската механизација, со што била предизвикана материјална штета од 400.000 денари.

Натамошното ширење на пожарот е спречено со интервенција на противпожарната единица од Струга.