Жител од Велешта упатувал закани кон семејство во Лабуништа

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(40) од с.Велешта,струшко поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Б.Н. во период од три месеци во 2020 преку мобилен телефон испраќал пораки и упатувал закани на семејството на 58-годишен маж од с.Лабуништа, струшко за наводен долг кој требало да го исплати неговиот син.