20/04/2024
Струга

Жител од Враништа нападнат во обложувалница

На 17.08.2018 година во 11:30 часот во спортска обложувалница во село Враништа, поради претходно нарушени меѓусебни односи Г.Ј. од Струга физички го нападнал Б.М.(60) од село Враништа. На Б.М. му била укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.