29/03/2024
Дебрца

Жители од Демир Хисар вршеле утовар на огревно дрво без документи на товарно возило „Мерцедес“

На 15.05.2021 во 09.15 часот на местото „Трпеј Кошари“, атар на селото Лактиње, општина Дебрца, полициски службеници извршија контрола, при што ги затекнале Ј.П.(56), Ц.К.(56), З.П.(31) и В.И.(20), сите од Демир Хисар, како вршат утовар на огревно дрво без документи на товарно возило „Мерцедес“, сопственост на Ј.П.. На местото бил затекнат и шумочуварот К.Д.(53) од селото Лактиње, кој со чекан за жигосување ги обележал дрвата. При преглед на теренот, пронајдена е поголема количина исечено огревно дрво. Камионот натоварен со дрва и чеканот за жигосување се одземени, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.