10/11/2025
Дебрца

Златко Сиљаноски е нов градоначалник на општина Дебрца

Златко Сиљаноски – кандидатот од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, го доби мнозинството гласови и победи во трката за градоначалник на општина Дебрца.

Во општина Дебрца од вкупно 3.937 избирачи во избирачкиот список на 28 избирачки места, излезноста во вториот круг беше 62,26%. Вкупно гласаа 2.451 жители, од кои 2.370 се важечки, додека пак 81 се неважечки ливчиња.

Резултати за Градоначалник на општина Дебрца (втор круг):

1,511 (61.65%) – Златко Сиљаноски – Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ

859 (35,05%) – Зоран Ногачески – Група избирачи