27/04/2024
Македонија

Министерот за култура испрати телеграма со сочувство по повод смртта на едно од најистакнатите театарски имиња, актерот Ванчо Петрушевски

Министерот за култура Асаф Адеми испрати телеграма со сочувство по повод смртта на едно од најистакнатите театарски имиња, актерот Ванчо Петрушевски…

thumbnail_2

Почитувано семејство,

Со големо жалење ја примив веста за смртта на едно од најзначајните  имиња на македонската култура, актерот Ванчо Петрушевски. Заминувањето на овој исклучителен актер, кој со својот извонреден и неповторлив актерски израз остави особен   печат во развојот и афирмацијата на театарската уметност, е голема загуба за неговото семејство, но и за сите нас.

Низ годините Ванчо Петрушевски на сцената на својот матичен театар, Драмскиот театар, одигра стотици улоги, преку кои покажа зошто е еден од најомилените актери во македонскиот театар. Големината на неговата театарска биографија се манифестираше низ суптилната и оригинална игра на сцената, ведрината и хуморот кои, преку неговите претстави, серии, филмови, беа дел од секое семејство, од секој дом.

Она   што   тој   го   остави   зад   себе,   неговиот   придонес   во развојот и афирмацијата на македонската театарска уметност, ќе остане како  трајна вредност во севкупното македонско културно живеење. Ќе го паметиме по неговиот голем влог во развојот на македонскиот театар, но, пред сè, ќе го паметиме по неговиот ентузијазам, по неговите претстави и ликови на театарската сцена, кои заслужено имаат свое посебно место во македонската култура.

Нека почива во мир!

Со почит,

Асаф Адеми,

Министер за култура