26/04/2024
Македонија

Бензините со иста цена, дизелот поевтинува за половина денар

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,75%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утвдени со Одлуката од 05.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 57,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,473 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 05.03.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,636 ден/кг.