26/04/2024
Македонија

Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Курбан Бајрам

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија.

„Почитуван Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи,

Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија да Ви упатам честитки по повод празникот Курбан Бајрам.

Големите верски празници се мигови кога ги истакнуваме вредностите на заедништво и почит. Македонија е земја која има вековна традиција на соживот помеѓу различни верски заедници. Почитувајќи ги верските разлики, упатуваме силна порака на градење на соживот и меѓусебно разбирање, бидејќи само така, сплотени и единствени ќе успееме да изградиме посветла иднина за сите граѓани на Република Македонија.

Во духот на овие вредности, Ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир, а на сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакувам благосостојба и бериќет.“- стои во честитката.