Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитка по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

„24 Мај е ден кога се поклонуваме пред ликот и делото на светите браќа и им оддаваме почит за создавањето на првата словенска азбука – глаголицата, направена врз база на македонските говори.

Современиот македонски јазик, денес е тоа, што бил тогаш старословенскиот јазик – заеднички јазик во едно општество кој треба да биде без асимилација на неговоите говорители.

Пeттoчислeницитe, учениците сo Свети Климeнт какo eпискoп на чeлo, вo Макeдoнија, тука oд Oхрид, ја прoдoлжилe заедничата рабoта запoчната сo учителите Кирил и Мeтoдиј.

Светите браќа Кирил и Методиј имаат извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење за Светот, Европа и Македонија.

Светите браќа се прогласени за патрони на Европа – заштитници на Европа потенцирајќи го единството на европските народи, со кое не’ вбројуваат меѓу народите кои дале огромен придонес кон светската наука и култура.

Да бидеме горди на наследството, да си ги чуваме и почитуваме сопствениот јазик и култура.

Нека е честит 24 Мај – Ден на македонските и сесловенските проветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.