19/03/2024
Охрид

Демант за наводната смена на Лазе Таневски од Шеф на изборниот штаб на СДСМ Охрид

Демант за наводната смена на Лазе Таневски од Шеф на изборниот штаб на СДСМ Охрид:

„И во оваа изборна кампања за предвремените парламентарни избори основна идеја на СДСМ заедно со коалицијата МОЖЕМЕ е да се фокусира на сопствената обемна и Победничка програма.

Во таа смисла, не трошиме многу време за демантирање на лажните вести продуцирани од нервозната опозиција која видливо нема што да понуди. Но, мора да реагираме на невистината објавена на еден охридски портал со позната опозициска провиненција дека наводно, кандидатот за пратеник од ИЕ 5 Лазе Таневски е сменет од Шеф на изборниот штаб на ОО на СДСМ Охрид.

Вистината е една и единствена.

Не се работи за никаква смена на Таневски, бидејќи градоначалникот на Охрид Константин Георгиески одамна е избран за еден од тројцата заменици на шефот на штаб уште од подготовките за предвремени избори составен уште на почетокот на оваа година.

Бидејќи Таневски има бројни и интензивни средби со граѓани како кандидат за пратеник, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески ги врши сите клучни оперативни работи во штабот во соработка со Таневски и сите членови на бројниот Општински изборен штаб.

Победничката атмосфера некого го прави нервозен и оттука некој од опозицијата очигледно пласира лажни вести и бара шанса да направи раздор.

Единствено точно во повеќето лажни вести беше дека Радмила Шекеринска како носител на ИЕ 5 во неколку наврати беше во Охрид, но од сосема поинакви причини: да даде поддршка на крупни инфраструктурни проекти кои локалната власт ги спроведува самостојно или во соработка со Владата, како и да биде во постојан контакт со граѓаните, во функција на своите државнички и партиски обврски.

Значи ништо ново и спектакуларно. СДСМ сигурно чекори до победата на 15 јули заедно со коалицијата МОЖЕМЕ бидејќи можеме и повеќе.“ – стои во демантот од СДСМ Охрид.

One thought on “Демант за наводната смена на Лазе Таневски од Шеф на изборниот штаб на СДСМ Охрид

Comments are closed.