Денеска во 18:00 часот, онлајн информативна видеосесија КОВИД-19

Денеска во 18:00 часот, преку онлајн стрим на видеосесија „КОВИД-19, прашања и одговори за полицискиот час“, Владата на Република Северна Македонија ќе ги информира граѓаните и медиумите за сите детали поврзани со новите рестрикции на движењето на граѓаните на ниво на целата територија, кои почнуваат од денеска.
 
На видеосесијата ќе говорат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.
 
Видеосесијата ќе се емитува на јутјуб каналот на Владата, како и на фејсбук страниците https://www.facebook.com/koronavirus.gov.mk и https://www.facebook.com/VladaMK.