26/04/2024
Охрид

Денесовски: Бараме Општина Охрид да ги стопира сите проекти од јавен интерес

Во просториите на Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИЈА Охрид денес се одржа прес-конференција.

„Крајно резигнирани на дискриминаторскиот однос на Локалната самоуправа Охрид предводена од градоначалникот Јован Стојаноски и недоветната комисија која објавила Конкурс за проекти од јавен интерес на 15.01.2018 година, свидетели бевме дека Општина Охрид нема слух како за работа, како за најранливата категорија на граѓани со посебни потреби, а и воопшто ова е проект од јавен интерес може комотно да се крсти како проект од нејавен личен интерес на поединци на Општина Охрид. Имено, и покрај тоа што ги пробија сите законски периоди за евалуација, Комисијата имаше рок од 30 дена да одлучи по проектите од јавен интерес и сите да ги рангира. За жал, три месеци беше формирана некоја тајна комисија во Општина Охрид од 5 вработени службеници на Општината, кои цело време кога и да ги контактиравме велеа дека комисијата сеуште заседавала, ама ќе одлучел Градоначалникот политички. Што значи тоа Одлука на Градоначалник политички? Имаме јавен повик за проекти од јавен интерес и тука аплицираат сите граѓани и невладини организации, Здруженија, за кој проект треба да дадат и сопствено учество.“ – истакна Сашо Денесовски, претседател на Здружението на Еднаква застапеност на лицата со посебни потреби во медиумите, кои брои 3400 членови од Општина Охрид и Општина Дебрца.

Како што рече Денесовски, по поднесените проекти, невладината организација СОС БАЛКАН МЕДИЈА има 150 илјади денари сопствено учество, бараните средства од Локалната самоуправа беа 120 илјади денари, и тоа се работи за Проект кој се вика „И ние можеме“ за лица со посебни потреби во медиумите или школа за лица со посебни потреби во медиумите од која школа на крај после шест месеци, две лица со посебни потреби ќе бидат вработени со стален работен однос во новинската редакција „Охридскај“.

„Јован Стојаноски мене ми доделува 40 илјади денари за оваа школа, додека на неговите пулени за да си го купи својот мир од одредени медиуми и одредени лица од Охрид политички им разделил по примерот на Цезар „дивиде ет импера“ – раздели па владеј. Ако ги земете сите овие 70 проекти, јас ви гарантирам дека од сите тие 70 заслужуваат само 7 проекти, а имаме проекти кои навистина заслужуваат да се најдат на оваа листа, кои се отфрлени без никакво образложение. Ова е криминално досие. Ова се коси со сите морални норми, ние во текот на вчерашниот ден поднесовме жалба до второстепена комисија при Општина Охрид до градоначалникот Стојаноски. Бараме стопирање на сите проекти и јавно пред нас да се отворат апликантите и да се кажи дали вредат или не вредат.“ – додаде Денесовски.

Тој рече дека како Здружение на граѓани за еднаква застапеност на лицата со посебни потреби во медиумите имаат намера да покренат со собирање на потписи за разрешување на градоначалникот Стојаноски.

WebOhrid