26/04/2024
Охрид

Д-р Митре Милошевски е кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО – ДПМНЕ

Д-р Митре Милошевски е кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.

„Кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 21 април на огромно задоволство со одлука на Извршниот Комитет е д-р Митре Милошевски. Угледот и кредибилитетот на д-р Митре Милошевски и ВМРО-ДПМНЕ гарантираат спроведување на сериозно подготвена програма и сигурна победа.

Д-р Митре Милошевски е роден на 29.10.1963 год. во с. Битуше. Специјализација по Неурохирургија завршено на Медицински Факултет во Скопје. Доктор специјалист во дејноста со која се занимава: Повреди и дегенеративни страдања на ’рбетниот столб и мозок; и Повреди и заболувања на ЦНС и краниумот. Вработен во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо Охридски“. Сопруг и татко на две деца.

Сплотени и мотивирани за доброто на Охрид и охриѓани.

На 21 април, д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид!“ – стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.