26/04/2024
Охрид

Две лица се повредени во сообраќајка на кружната крстосница кај ул. ,,Железничка“ и ,,15-ти Корпус“ во Охрид

На ден 08.08.2018 година во 14:45 часот, на кружната крстосница кај улиците ,,Железничка“ и ,, 15-ти Корпус“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Пежо 206“ со битолски регистарски ознаки и мопед марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки на кој се превезувале две лица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.Н.(33) од Велгошти, а со телесни повреди се здобил М.Б.(24) од Охрид. Тие, со возило на брза помош се пренесени во болница „Св.Еразмо“ и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Незгодата се случила при движење на мопедот по улицата „15ти Корпус“ од правец на селото Лескоец кон Охрид а автомобилот „Пежо“ се движел по улицата „Железничка“ према улицата „15 Корпус“. На критичното место, се случил судар на десната страна од мопедот и предната страна од автомобилот „Пежо“. На местото на сообаќајната незгода, по овластување на Јавен обвините, увид извршија полициски екипи од СВР Охрид.